Шампионот на Франција, ПСЖ е пред тежок испит во дуелот со Борусија Дормунд во обид да го „поништи“ поразот од Германија од 2:1 и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Тухел одлучи да не ризикува со Мбапе кој остана на клупата заедно со Икарди на чија сметка во почените 11 се најдоа Кавани и Сарабиа, овие двајца заедно со Нејмар и Ди Марија ќе го сочинуваат нападот на домаќините.

Кај гостинот од Германија нема изненадувања во почетниот состав, Фавре оди со најдобрите а во нападот со Халанд, Санчо и Азар.