Веќе со недели медиумите расправаат за статусот на Килијан Мбапе во ПСЖ. Случувањата будно ги следи и Зинедин Зидан кој сака да го донесе во Реал Мадрид надобриот млад играч.

Мбапе одлучи на Инстаграм да стави крај на шпекулациите објавувајќи фотографија во новиот дрес на ПСЖ.

„Овде е ПСЖ 2019/20“ – напиша Мбапе.

 

View this post on Instagram

 

ICI C’EST PARIS 19/20 🔴🔵 @psg

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) on

Француските медиуми сепак пишуваат дека Килијан по состанокот со спортскиот директор и претседателот на клубот истакнал дека е согласен да остане во ПСЖ, но под одредени услови.

Мбапе побарал клубот веднаш да тргне во засилување и подобрување на послабите играчи кои би придонеле во борбата за ЛШ. Тој побарал Нејмар да не се продава и последно, наместо на крилната, да игра постојано шпиц.