Оле Гунар Солскјер ќе го добие дефанзивецот за кој Манчестер Јунајтед ќе плати му плати на Лестер, рекордни 80 милиони фунти.

Хари Мегвајер е веќе во Карингтон каде треба да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на петгодишен договор според кој ќе заработува по 200 000 фунти неделно.

Презентацијата во црвениот дрес е најавена за утре а со официјализирањето на трансферот на стоперот не Лестер, Мегвајер ќе стане најскапиот дефанзивецот во историјата на фудбалот.

Рекордот во моментов го држи трансферот на ВИрџил ван Дајк од Саутепмтон во Ливерпул за 75 милиони фунти остварен минатата година.