Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектомини, се повреди на средбата против Њукасл, во рамките на 19. коло на Премиер лигата. Манчестер Јунајтед победи со убедливи 4.1, но можеби за подолго време го загуби Мектомини.

Тој беше заменет на полувреме, а после натпреварот тренерот Солскер рече дека Шкотланѓанецот има повреда на вкрстените лигаменти на коленото, но и дека во моментов не ја знаат тежината на повредата.

Мектомини го напушти “Олд Трафорд“ на штаки.