Дрис Мертенс вечерва го постигна единствениот гол за Наполи против Калјари за победа на екипата од Неапол.

Напаѓачот на Наполи е на чекор од израмнување на клупскиот рекорд, има 120 голови во дресот на екипата од Неапол, пред него е само Марек Хамшик со 121 гол.

Марадона е на третото место на вечната листа на стрелци кај Наполи, има пет помалку од Мертенс.