Капитенот на Барселона Лионел Меси реши да војува со сите во клубот.

Според информациите на El Chiringuito TV, Меси дефинитивно се раскара со раководството на клубот и сега ја сака оставката на претседателот на Барселона Хосеп Марија Бартомеу и избор на нов, извинување од спортскиот директор Ерик Абидал и смена на тренерот Кике Сетјен, на чие место го бара Чави Ернандез од Ал Саад.

На сето ова можат да се додадат и конфликтите на Меси со Жерар Пике и со Тер Штеген.