Лионел Меси знаел во минатото на гала церемонии како оваа денешната во Монако на ждрепката за групите во Лигата на шампионите да ја „утне“ облеката, вечерва не беше така.

Меси имаше погрешен избор на облека, несоодветни бои на Аргентинецот,  беа дел од насловите кога напаѓачот на Барселона ќе избереше „погрешни“ бои.

Вечерва Меси беше на потребното ниво на ждрепката на УЕФА за Лигата на шампионите, доби пофални зборови за изборот на облеката, но и за облеката на неговата девојка Антонела Рокуцо.