Капитенот и најголема ѕвезда на Барселона, Лионел Меси и доскорашниот тренер на каталонците Ернесто Валверде општо познато беа во одлични односи.

Шпанецот од синоќа веќе не е тренер на Барселона, а по тој повод Аргентинецот на својот Фејсбук профил испрати емотивна порака до  Валверде.

„Ти благодарам за се господине. Каде и да отидеш, со сигурност ќе се справиш одлично, бидејќи не само што си исклучителен професионалец, туку и многу голем човек. Ти посакувам голем успех во иднина“, напиша Меси.

 

Наследник на Валверде е, Кики Сентјен кој во минатото го водеше Бетис.