Лионел Меси беше присутен на денешниот тренинг на Барселона и со ова ги демантираше гласините дека е посериозно повреден откако во петокот беше отсутен од подготовките за „Каталонците“.

Меси го одработил во полн интензитет денешниот тренин и најавил дека се чуствува добро, што значи дека ќе биде подготвен за рестартот во Ла Лига.


Според последните информации од Шпанија, Меси ќе биде во тимот на Сетиен за дуелот со Мајорка.