Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси , заработи еден меч суспензија и 1500 долари парична казна поради недолични коментари за време на годинашново издание на Копа Америка.

Меси не се појави ниту на церемонијата на доделување на медали, Аргентина го освои третото место, Аргентинецот доби црвен картон на мечот со Чиле, го критикуваше раководството на  КОНМЕБОЛ за корупција и пристрасност кон Бразил кој победи на Копа Америка.

Аргентина загуби од домаќинот Бразил во полуфиналето на класиката на Копа Америка.