Антоан Гризман го загуби првотимскиот статус во Барселона откако за дуелот со Севилја, Валверде одлучи да го пресели на клупата за резерви.

Лионел Меси е целосно фит и заедно со Суарез и Дембеле ќе ја сочинува напаѓачката тројка на „Каталонците“.

Во стартниот тим на Барселона се наоѓа и Тодибо додека на клупата остана младиот Фати кој се опорави од повредата.

Кај гостите изненадува изборот на Лопетеги да го остави Чичарито на клупата за резерви.