Барселона го загуби првото дерби сезонава против Реал Мадрид со 3-1 во уште едно „Ел Класико“ за заборав и за капитенот на каталонците Лионел Меси.

Аргентинецот во саботата не беше на своето ниво и се вклопи во комплетното издание на Барселона.

За Меси, саботното дерби беше дури шесто во низа во кое тој ниту постигна гол, ниту асистираше против „кралскиот клуб“.