Денес се играат три средби од 5. коло во Серија А, Горан Пандев со Џенова гостува кај Болоња (18-30час.), и двете екипи во претходното коло беа поразени.

Според најавата на Газета Дело Спорт, Горан Пандев ќе го започне мечот со Болоња од првата минута, Џенова досега запиша само една победа и три порази.

Болоња против Џенова ќе бара шанса за „рехабилитација“ од високиот пораз од Интер со 6-1, тренерот Синиша Михајловиќ го пречекува својот добар пријател Горан Пандев.