Екипата на Болоња ја декласираше Пиза на гостувањето со 3:0 (1:0).

Вчерашниот натпревар беше официјално првиот меч на Болоња оваа сезона, а тренерот Синиша Михајловиќ покажа дека одлично си ја работи работата и покрај хоспитализацијата во болница поради лекувањето од леукемија.

Болоња поведе во 21 минута со голот на Поли. Победата веќе беше позната по трите минути во второто продолжение со двата погодоци на Рикардо Паласио.

Во следното коло Болоња ќе се сретне со Удинезе.