Фудбалскиот клуб Болоња објави дека нивниот тренер Синиша Михајловиќ од вечерва е во болница, го започнува третманот на лечење на леукемијата.
Иако првично беше најавено дека процесот на лекување ќе го започне од вторник, Михајловиќ од вечерва е во болница, неговата желба била то побрзо да започне со третманите и борбата со опасната болест.
„Нашиот тренер од вечерва ја започна борбата против опасната болест, што побрзо започне лекувањето, побрзо ќе заврши. Напред Синиша, ние сме со тебе “ – се вели во соопштението на ФК Болоња.
Be the first to write a comment.