Синиша Михајловиќ мораше добро да размисли околу почетниот состав на Болоња за денешната пресметка со Удинезе во Серија А, откако на листата повредени останаа деветмина играчи меѓу кои се и Шансоне, Медел и Сориано.

Паласио и Орсолини го предводат нападот на БОлоња додека Бароу денеска ќе игра на позиција лево крило.

На спротивната страна, Илија Несторовски повторно е на клупата за резерви. Македонскиот репрезентативец и денеска ќе чека шанса во текот на натпреварот.