Челси и Милан ја реализираа соработката со која Фикајо Томори го промени клубот, сезоната ќе ја доигра во Италија а летоска ќе се преговара за целосен трансфер.

Дефанзивецот ги мина лекарските прегледи во Милано и ќе биде позајмен од Челси до крајот на сезоната од што тимот од Лондон ќе заработи 1 милион евра.

Ако Милан се реши да купи Томори во летниот преоден рок ќе треба да плати 25 милиони евра.