Марко Џампаоло ќе го предводи Милан во следните три сезони. Поранешниот тренер на Сампдорија е новото тренерско решение на „Росоњерите“.

Џампаоло доаѓа од Сампдорија а предходно работеше во клубови како што се: Бреша, Емполи и Кремонезе. Тренерската кариера ја започна во Пескара како асистент во 2000 година.

Новиот тренер на Милан средбата со играчите ќе ја има на 9 јули за кога е закажан и првиот тренинг со кој ќе започнат подготовките за новата сезона.