Милан и Јувентус се огласија повод Суперлигата, клубот од „Сан Сиро“ и актуелниот шампион на Италија официјално објави дека се повлекува од сите активности во лигата која кратко живееше.

„Јувентус беше уверен во овој проект, комерцијално и правно, но сега мали се шансите Суперлигата да се игра во посакуваната форма“ – стои во соопштението на Јувентус.

Слично соопштение објави Милан кој официјално се откажа настап во Суперлигата.

„Ја прифативме поканата за учество во Суперлигата за да им го дадеме најдобриот фудбал на фановите, но како и за најдобар интерес за нашиот клуб и навивачите. Промената никогаш не е лесна, но еволуцијата е неопходна за прогрес. Ќе се бориме и понатаму да го имаме најдобриот модел на фудбалот“, стои во соопштението на Милан.