Милан во сезоната 2020/21 ќе има дрес со сина боја која нема никаква врска со богатата и долга традиција на овој клуб чии препознатливи бои се црвено и црно.

Клубот од „Сан Сиро“ наводно решил третиот дрес во изборот за сезоната 2020/21 да биде со сина боја, тоа очигледно ги изнервира навивачите на „росонерите“ кои не прифаќаат ваква комбинација на дресовите.

Милан официјално не се изјаснил за оваа шпекулација во Италија, но според трендот на големите клубови очигледно  оваа боја ќе биде на дресот на Милан.

 

Јувентус сезонава непријатно ги изненади своите навивачи со бело-црвена комбинација на официјалните натпревари што нема никаква врска со „црно-белата“ комбинација која е традиција на дресовите на „старата дама“.