Милан на „Сан Сиро“ вечерва ја пречекува Црвена Звезда, средба од Европа лигата, реванш од 1/16 финалето.

Првиот натпревар во Белград заврши без победник 2-2, Милан има предност, важи за голем фаворит, но Дејан Станковиќ изјави дека се е можно на реваншот.

Стефано Пиоли се чувствува сигурен, смета дека реваншот е формалност за неговата екипа, па се реши да го одмори Златан Ибрахимовиќ, средбата започнува од 21 часот.