Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, вчера постигна еден гол, а имаше и една асистенција.

Тој вчера собори еден рекорд на градското дерби – стана највозрасен фудбалер кој постигна гол на миланското дерби, пишува Opta на својот твитер.

Златан тоа го направи на свои 38 години и 129 дена и го надмина Швеѓанецот Нилс Линдхолм, кој порано настапувал за Милан и кој постигна гол на 38години и 43 дена. Поранешниот играч на Милан Филипе Инзаги постигна гол на 34 години и 268 дена, а уште еден поранешен играч на Милан, инаку и тој Швеѓанец, Гунар Нордал даде гол на 34 години и 144 дена.

Единствениот претставник на Интер меѓу петмината највозрасни стрелци е Аргентинецот Валтер Самуел, кој погоди на 34 години и 198 дена.