Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, ќе биде дел од англискиот гигант и наредните четири сезони, откако потпиша нов договор со клубот до 2023 година.

Младиот фудбалер е еден од омилените на менаџерот Оле Гунар Солскјер, но и англиската јавност Гринвуд го смета за еден од најголемите англиски таленти. Договорот има можност да го продолжи за уште една година.

 

Да пораснеш како навивач на Манчестер Јунајтед и сега да играш за првиот тим е сон за мене. Знам дека кога сум на терен, ја претставувам целата академија и сакам да им се заблагодарам на тренерите за нивната верба во мене. Уште учам и ова е совршено место за да го достигнам мојот потенцијал “- рече Гринвуд

18-годишниот Гринвуд има два гола на девет одиграни натпревари оваа сезона.