Без многу измени во однос на предходните натпревари и со Марко Ѓорѓиевски како дебитант, македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ќе настапи во дуелите со Црна Гора и со Казахстан.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на повикани за престојните еврвоквалификациски натпревари.  Меѓу повиканите се и Дарко Чурлинов и Јани Атанасов како и Марко Ѓорѓиевски од Вождовац.

Македонија во минатото коло го совлада тимот на Фарски Острови со 7:1. На 10 октомви ќе гостува во Подгорица кај Црна Гора додека на 15 октомври ќе го пречека Казахстан во Скопје.