Само три играчи, но секој од нив желба на сите фудбалски великани, би требало да бидат совршен додаток на сегашниот тим на Манчестер Јунајтед.

Дејли Мирор открива дека Ед Вудворд, првиот оперативец на Манчестер Јунајтед, му ветил на Оле Гунал Солскјер големи инвестиции за засилувањена тимот и клучни играчи на долги патеки. Тоа според весникот ќе се видело во претстојниот преоден рок.

„Ќе поддржиме Оле со доведување на играчи кои ќе бидат клучни играчи на долги патеки и тоа ќе се види веќе во претстојниот преоден рок“- го цитира Вудворд извор кој според весникот е близок до првиот оперативец во Јунајтед.

Возраста и квалитетите на играчите кои ги сака тренерот на Манчестер Јунајтед, одговараат на карактеристиките на фудбалерите кои се поврзуваат со клубот.

Прв избор за засилување во одбранта е 22 годишниот Џулес Кунде од Севиља. Пред две години тој во Андалузија пристигна од Бордо за 25 милиони евра, а сега има откупна клаузула од 90 милиони евра. Јунајтед за него ќе има градско дерби со Манчестер Сити.

Преостанатите две засилувања ќе бидат во нападот. Покрај локалниот херој Маркус Рашфорд, Манчестер Јунајтед од поодамна на крилната позиција го сака 20 годишниот Џејдон Санчо. Дортмунд би го пуштиле Англичанецот за 100 милиони евра.

Истата сума Јунајтед ја спрема и за соиграчот на Санчо, шпицот на Дортмунд Ерлинг Халанд. Германците нема да го пуштат ниту него под 100 милиони евра.