Раџа Наинголан изненадувачки во последен момент се реши за Каљари наместо Фиорентина, тој стави потпис на договорот со тимот од Сардинија.

Всушност се враќа во Каљари каде играше од  2010 до 2014 година и запиша 137 настапи. Нанинголан позираше на стадионот на „Сардинија Арената“  каде следните 12 месеци ќе биде дел од овој клуб со долга традција.