Престижната „Марка“ со неверојатно добар наслов за пријателскиот меч меѓу Реал Мадрид  и Баерн кој се игра ноќва во 2 часот  по  полноќ.

Реал Мадрид вложи досега 300 милиони евра ,за нив трансфер пазарот не е завршен, во моментов „кралевите“ се на турнеа во САД  и вечерва играат со Баерн Минхен.

Натпреварот се игра точно 50. години откако  човекот стапна на месечината, затоа „Марка“ на насловната страна ќе напише:

„Ноќта на 2- и 21 јули во 1969 година , целата планета не спиеше во исчекување на спуштањето на човекот на месечината, денес, 50 години подоцна, никој нема да спие во очекување на премиерата на Реал Мадрид и тоа во Хјустон “ – стои на насловната страна на Марка.