Селекторот на Шпанија, Роберто Морено го објави списокот на играчи за евроквалификациските предизвици против скандинавските земји следната недела.

Во тимо се врати Санти Казорла а повикани се и Џерард Морено и Рау Торес. Повратник во репрезентацијата на „Црвената Фурија“ е и Раул Албиол кој беше дел од генерацијата која го освои Светското првенство во 2010 година.

Шпанија ќе гостува на Норвешка во Осло на 12 октомври а на во Стокхолм против Шведска ќе истрча три дена подоцна.