Мајорка го дочекува Еспањол со желба за втора овосезонска победа во Ла лига. Тренерот на домаќините, Виктор Морено уште еднаш ја потврди својата филозифија во однос на изборот на оние кои ќе го започнат мечот.

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски својата шанса ќе ја чека од клупата за резерви откако Родригез повторно доби предност во почетната единаесетка.

Мајорка оваа сезона има само една победа во Ла лига, во воведното коло против Еибар од 2:1.