Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија Мухамед Сејдини преку порака на својот Фејсбук профил им посака среќа и успех на нашите фудбалски претставници кои ќе настапат оваа година во Европските Купови.

„Знаејќи дека нашиот шампион Шкендија,вечерва прва ја стартува овогодишнава европска авантура, ја користам можноста да им посакам многу среќа и успех во нивните настапи на сите четири наши тимови кои ќе не претставуваат во Европските Купови – Шкендија, Академија Пандев,Шкупи и Македонија Ѓорче Петров “. – гласи пораката на претседателот на ФФМ.

Македонија оваа година во квалификациите од ЛШ ќе ја претставува тетовска Шкендија како шампион на Македонија,додека во квалификациите од Лига Европа ќе настапат Академија Пандев од Струмица  и скопските тимови Шкупи и Македонија Ѓорче Петров.