На денешен ден во 2014 година се одигра натпреварот меѓу Ливерпул и Челзи запаметена по неверојатната грешка на капитенот на Ливерпул Стивен Џерард, кој на неговиот тим практички му ја зема титулата шампион во Премиер лигата.

Ливерпул имаше предност против Манчестер Сити и на три кола пред крајот на Премиер лигата му требаше победа за да ја потврди таа предност и да си отворат пат кон освојување на првата титула по 1990 година. Сепак, Џерард во завршницата на првиот дел се лизна и падна, откако соиграч му додаде топка, која крај него ја собра Дебма Ба и постигна гол за водство на Челзи.

Жозе Мурињо до крајот на мечот постави непробоен бункер пред својот гол и Ливерпул не можеше да постигне гол. А во продолжението и Вилијан погоди за 2:0 и ја потврди победата на Челзи. Сити ја искористи таа ситуација и на крајот се закити со титулата шампион во Премиер лигата.

Мурињо на својот Инстаграм профил се присети на тој ден и објави фотографија од натпреварот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

На фотографијата се гледа како Мурињо држи топка во рацете и не му дава на Џерард да ја земе. Со локација и датум, Мурињо во описот напиша само два збора:

„Посед на топка“– пиша тој, а многу ова го оценија како баш Мурињо потег.