Тотенхем и Челси вечерва од 20:45 ќе се соочат во Лондон во 1/8 финалето од Лига Купот на Англија.

Жозе Мурињо најави дека од неговите играчи бара пожртвувана игра и прекин на низата од четири порази по ред од нивниот градски ривал.

Според островските медиуми, во почетниот состав на Тотенхем ќе дебитира новото засилување во одбраната Регулион а од првата минута ќе стартува и Сесињон.

За Челси пак подготвено е деби за новиот голман Менди.