Жозе Мурињо и Рома му гостуваат на Јувентус вечерва во дербито на денот во Серија А. Јуве има 4 бода помалку од Рома на табелата, клубот од Рим е на 4 место, додека „старата дама“ се наоѓа на седмата позиција.

Португалецот ја прероди Рома, а имаше време да се сретне со Конор Мек Грегор, легендата и ѕвезда во УФЦ е во Рим на одмор.

Мек Грегор го посети Ватикан, но се сретна и со Мурињо, дружба со чашка виски, а борецот од УФЦ доби и подарок дрес од Рома.