Жозе Мурињо се враќа на работа во Англија, официјално е нов менаџер на Тотенхем со договор до 2023 година. „Специјалниот’ беше претставен во Лондон и првпат позираше со дресот на новата екипа.

Португалецот доаѓа на местото на Маурисио Покетино, Мурињо ќе има задача да го врати Тотенхем на победничките патеки, екипита која ќе ја предводи во моментов е на 14. место во Премиерлигата без победа пет натпревари во низа.