Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром сотнгаа до втората победа во четвртиот меч сезонава во домашното првенство откако го совладаа Црн Дрим со 104:76.

Воведната четвртина беше само најава за тоа што се случуваше во „Јане Сандански“, избраниците на Кочов постигнаа 33 поени а противникот застана на 14. Единствен пад во играта домаќинот имаше во третиот период кога постигна само 13 поени.

Гравет со 26 поени, 11 скокови и 4 асистенции беше најдобриот поединец во победничкиот состав. Магдевски уфрли 20 а Дамсјан Стојановски 15 поени.



Во следното коло МЗТ Скопје Аеродром треба да го дочека Работнички во вечното дерби.