Малолетната ќерка на некогашниот голман на Зенит и на руската репрезентација, Вјачеслав Малафеев, се најде во центар на скандал.

Ксенија Малафеева (16) веќе подолго време му прави проблеми на својот славен татко, а најновиот скандал е врзан со нејзиното апсење поради трговија со дрогата екстази.

Во меѓувреме Ксенија е пуштена од притвор со забрана за напуштање на градот на северот на Русија и е сместена во локалната клиника, каде е под медицинска контрола. Според руските закони и прети максимална казна од 15 години.

Проблематичната Ксенија на почетокот на годината избегала од дома, образложувајќи го тоа со фактот дека не сака да живее во семејство во кое се чувствува како странец.

Нејзината мајка, Марина, погина во сообраќајна несреќа во 2011 година и тоа го натера Вјачеслав да ја прекине кариерата за да му се посвети на семејството.

 

View this post on Instagram

 

with my fam ♥️ #spain #summer2019 #family

A post shared by Malafeeva Ksenia (@officialmalafeeva) on