На социјалните мрежи „врие“ од шпекулации, дали Манчестер Јунајтед е веќе продаден на инвеститори од Саудиска Арабија?

Саудискиот принц, Мохамед бин Салман веќе извесно време се обидува да ги откупи акциите на Јунајтед од семејството Глејзер за 3 милијарди фунти.

Еден од службениците на владата од Саудиска Арабија ги зовре страстите на навиачите на Јунајтед со објава на Линкедин дека клубот веќе е откупен.

Семејството Глејзер ги откупи акциите на Јунајтед во 2005 година за 800 милиони фунти, ако се точни информациите дека клубот е продаден ќе заработат вистинско богатство.