Резервниот голман на Џенова, Федерико Маркети кој има 37 години и настапува ретко за својот клуб, претрпе вистински шок откако го оставил своето Ферари во автоперална, но еден од вработените наместо тоа да го „среди“ го уништи скапиот автомобил.

Маркети го оставил Ферарито на перење, но тогаш  еден од вработените решил да се направи важен, сакал да го вози низ улиците, но го удрил во банкина, ова било голем шок за Маркети кога дошол да го земе Ферарито.