Вкупно шест екипи имаат свои претставници во најдобрите 11. во Серија А според статистиката на „Опта“  за сезоната 2019-20.

Јувентус е клубот со најмногу фудбалери, дури четворица кои се најдоа во иделната постава. Првата ѕвезда, Кристијано Роналдо се наоѓа во нападот, откако постигна досега 21 погодок на 22 натпревари, а покрај него уште се Шчесни на голот, Гвардадо на позицијата лево крило и Миралем Пјаниќ во централниот дел.

Второпласираниот Лацио е претставен од водечкиот стрелец Чиро Имобиле,  а покрај него се наоѓа и Луис Алберто и столбот на одбраната Франческо Ачерби.

Во стартните 11. се наоѓаат уште Тео Ернандез (Милан), Јосип Иличиќ (Аталанта), Фабио Руиз (Наполи) и Де Вриј ( Интер).