ГФК Осогово остана без тренр откако Кирчо Горгиев поднесе оставка по поразот од Слога Виница во ВМФЛ кој беше трет во низа.

Тренерот Горгиев официјално се повлече од клупата на Осогово, клубот од Кочани е еден најпопуларните на социјалните мрежи, но резултатите се очајни.

„Јас како досегашен тренер на ГФК Осогово ја преземам одговорноста за досегашните резултати. Поднеснесувам оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Благодарност до фудбалерите, управата, навивачите за досегашната поддршка. Од морални причини, овој потег е неизбежен, а на клубот кој ми е при срце и душа му посакаувам се најдобро и многу успех во продолжение од сезоната“, објави Георигиев.