Лијам Галагер, пејачот на Оеијзис, веројатно е најславниот меѓу навивачите на Манчестер Сити.

Меѓутоа, како и неговиот брат Ноел, исто така музичар и голем фан на Сити, познат е по тоа што не бира зборови кои ги кажува во јавноста.

Тоа сее виде и во текот на првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, каде неговиот клуб играше и победи на гости кај ПСЖ со 1:2.

Лијам Галагер на Твитер, каде го следат 3.5 милиони луѓе, жестоко го навредуваше Нејмар:

„Исфрлете ја таа валкана пи*ка.“

„Нејмар е срамна мала пи*ка.“

„Правда, валкани пи*ки.“