Најтрофејниот фубдалер на сите времиња, 36. годишниот Дани Алвеш, има 40 трофеи во кариерата, до денеска немаше клуб,  се договори со Сао Паоло и кариерата ја продолжува во Бразил.

Неодамна, Алвеш се шегуваше на социјалните мрежи, бараше работа преку интернет.

„На кого треба да му ја испратам мојата биографија за работа, нека ми се јави некој кога ќе ја прочита“ – се шегува на инстаграм Алвеш.

Алвеш во Сао Паоло доаѓа како слободен играч, во првата изјава по договорот тој ќе рече:

„За мојата земја, за мојот народ, за клубот кој е во моето срце“ – изјави Алвеш.

Легендарниот Бразилец се враќа во татковината по 17 години престој во Европа, играше за Севилја, Барселона, Јувентус и ПСЖ.