Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за натпреварот со Австрија во Виена, средбата се игра во сабота и е прептоследна за нашиот национален тим во квалификациите.

На Австрија и е потребен нерешен резултат за потврда на пласманот на ЕУРО 2020, важат за фаворити но Македонија неоптоварена од резултатски притисок најавува дека ќе направи се да дојде до добар резултат.

Александар Трајковски и Илија Несторовски во супер разположение го очекуваат дуелот со Австрија, според фотографијата од базата на нашиот национален тим, треба да очекуваме голови од нашите напаѓачи.