Наполи во среда ќе му гостува на Ливерпул во натпревар од 5 коло од групата Е во Лигата на шампионите без повредените Исниње, Малкут и Милик.

Овие тројца не се меѓу играчите кои отпатуваа за Англија за пресметката која може да му донесе на Наполи заверка на пласманот во осминафиналето. Атмосферата во тимот е далеку од оптимална но навивачите веруваат дека покрај сите проблеми, нивните миленици можат да дојдат до поволен резултат против актуелниот првак.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е најавен во почениот состав на Анчелоти а медиумите од Италија тврдат дека на клупата повторно ќе остане Алан.

Наполи на првото овосезонско соочување со Ливепрул во ЛШ победи на домашен терен со 2:0.