По победата над Бреша викендов во Серија А, Карло Анчелоти го подготвува тимот за предизвикот во среда во Лигата на Шампионите на УЕФА.

Наполи ќе му гостува на Генк на „Луминус Арената“ засилен со стоперското дуо Кулибали и Манолас кои беа неизвесни за овој меч.

Меѓу повиканите за дуелот со Гент е и нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој против Бреша доби шанса од клупата во завршните 20 минути.

Наполи во првото коло од групата Е го победи Ливерпул со 2:0 а Генк загуби од Салзбург со 6:2.