Барселона официјално потпиша нов договор со наследникот на „десетката“ на Лео Меси, Ансу Фати останува во клубот до 2027 година, со откупна клаузула од фантастични милијарда евра.

Фати кој има само 18 години, а кон крајот на месецот ќе наполни 19 години, треба да биде иднина на каталонскиот клуб, го сметаат за наследник на големиот Лионел Меси.

Барселона детали за новиот договор ќе објави денес, на прес-конференција.