Македонскиот каратист, Емил Павлов не успеа да освои медал на Европските игри во Минск. Павлов квалификациите во Б групата ги заврши на третото место со што не оствари резултат кој ќе му донесеше битка за медал.
Македонскиот каратист во квалификациите забележи една победа и две ремија и малку недостигаше да се најде во полуфиналето а со тоа и да се бори за медал.
Со настапот на Емил Павлов заврши учеството на нашата репрезентација на овие Европски игри кои денеска и официјално ќе бидат затворени.
Be the first to write a comment.