Конечно е завршена приказната околу трансферот на Антоан Гризман во Барселона, но целиот случаен има еден необичен детал.

Се вели дека за добрите работи се вредни за чекање, па така еден навивач на Барселона трпеливо чекал од 25 септември 2017 години, Гризман да дојде во Барселона.

Тој го повикувал играчот на ваква одлука објавувајќи секојдневно негова фотографија на својот Твитер профил.

По 655 дена, Французинот конечно потпиша за каталонскиот клуб, а навивачот одговор доби лично од Барселона и Гризман.