ВАР технологијата се користи во сите пет најсилни лиги во Европа, но одлуките сепак зависат од судиите.

Изминатиот викенд, според навивачите најмногу грешки се забележани на натпреварот меѓу Шалке и Баерн на која екипата од Минхен победи со 0:3.

Навивачите се лути поради неколкуте спорни ситуации, па одлучиле да и се обратат на полицијата.

Полициската станица во Гелзенкирхен соопшти дека навивач на Шалке одлучил да ја пријави неправдата на натпреварот и поднел пријави против главниот судија на мечот, Германецот Марко Фриц и втората против целиот ВАР систем.

Полицијата на Твитер соопшти дека „ќе ги провери фактите и ќе отвори истрага“, но очигледно е дека се работи за шега.