Ангеловски одлучи да ризикува, да ги повика Костадинов и Младеновски во почетниот состав а да го изостави Горан Пандев кој не е доволно подготвен поради вирусот кој вчера му ја покачи телесната температура.

Македонската репрезентација истрча на „Ернст Хапел“ кој денеска се очекува да биде исполнет до последното место.

Меѓу присутните на трибините се и нашите навивачи кои со голем транспарент го поздравија нашиот капитен пред соочувањето со Австрија.